Вчера наутро во 06.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиниката „Ченто“ во Скопје било донесено починато едномесечно машко бебе од населба Илинден-Скопје.
Во разговор со полициски службеници родителите на починатото бебе А.А.(26) и И.А. (26) рекле дека истиот ден околу 06 часот на креветот во дневната соба забележале дека детето не дава знаци на живот, а претходно имало проблеми со дишењето.
По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.