Вчера во 14:45 часот на паркинг простор на улица „23 Октомври“ (поранешна „Владо Комаров“ во скопски Аеродром, патничко возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (35) од Скопје, удрило во двегодишно девојче од Скопје.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски каде му била укажана лекарска помош. Во 15:20 часот детето им подлегнало на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.