Братот на Стево Пендаровски, Војче, почина во сопствениот дом во скопската населба Мичурин, информираат од кабинетот на претседателот, по повод информациите објавени попладнево на порталите.
Увид на лице место на 27.08. 2021 беше извршен од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител. При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство.
Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на Ковид протоколите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.