Маж на 60-тина години попладнево бил пронајден мртов во стан во Битола. Според неофицијални информации, станува збор за лице кое последните десетина дена ги поминало во самоизолација, сам во неговиот дом.
Засега нема официјални детали за смртта, но тој посмртно ќе биде испитан дали бил заболен од Ковид-19 и дали тоа е причината за смртта.
ТВ21 дознава дека тој бил вратен од Канада, додека, пак, „Вечер“ јавува дека полициските службеници морале да ја обијат вратата за да влезат во станот, откако тој не кревал на телефон и не отворал, а соседите не го виделе да излезе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.