На 27.10.2021 во 07.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом во Скопје на ул.„Гвадалахара” имало починато бебе. Полициски службеници од Полициското одделение излегле на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.