Македонија и официјално побарала од Бугарија екстрадиција на Игор Спасов. Како што информираат од министерството за правда, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото.

Барањето за екстрадиција е потпишано министерот Бојан Маричиќ.

Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот во Штип по наводното лекување. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години  и три месеци, стои на веб страницата на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.