Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне поднесе предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе, заради „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопштија од Јавното обвинителство.
На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест COVID-19, информираат од скопското обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.