Зоран Милевски Кичеец кој вчера требаше да се појави во затворот во Шутка пред терминот испратил и барање да му се одложи казната, велат од Кривичен за ТВ 24, иако Кичеец вчера ветуваше дека сам ќе се пријави и дека нема да бара одложување. Сепак го кажа ова, а претходно имал поднесено барање до судија за извршување на санкции.

Судијата Пајазит Пајазити, како што брифираат од Кривичен, почнал да го разгледува неговото барање и засега нема детали врз основа на што осудениот за „Рекет“ се повикува за да го помести издржувањето на казната од 3 години затвор.

Дека Горан Милевски – Кичеец се уште не влегол во затвор потврди и директорот на затворот „Скопје“, Есад Рахиќ. Тој за Канал 5 изјавил дека очекуваат тој денеска да се пријави, а ако не го направи тоа до 16 часот, ќе испратат известување до судот и до полицијата.

Горан Милески-Кичеец требаше да се јави на издржување на затворската казна од три години за случајот „Рекет“. Нему му остануваат нешто помалку од една и пол година бидејќи остатокот веќе го отслужи во притворското одделение во Шутка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.