Бојан Јовановски поради проблеми со желудникот бил донесен во градската болница „8 Септември“ каде примил интровенозна терапија и повторно е вратен во затворот Скопје во населбата Шуто Оризари.
Директорот на болницата Христијан Костов за Телма потврди дека Јовановски добил и препораки за соодветна терапија која треба да ја прима кај затворскиот доктор и додаде дека ваквите здравствени проблеми кај пациентот ќе се повторуваат бидејќи после оперативен зафат на желудникот потребно е да се прима специјална исхрана.
Бојан Јованоски е еден од тројцата обвинети за случајот ,,Рекет”. Тој три месеци е во притвор заради противзаконско добивање на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.