Млад маж се повредил по грешка пукајќи си сам во нога.

Како што соопштија од МВР, вчера во 17.30 часот во Клиничката болница Тетово бил донесен повреден Б.Ј.(26) од с.Буковиќ, скопско. Според пријавеното, тој се самоповредил во пределот на ногата со пиштол што го поседувал без дозвола.

Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.