Доцна вчеравечер на Качанички пат полицијата уапси две лица осомничени за пукањето врз полицискиот инспектор што се случи попладнето во скопската населба Ѓорче Петров.
На лице место се најде екипа на „Алсат“, а за телевизијата од МВР потврдуваат дека се уапсени две лица кои со возило „голф“ бегале во тој регион.
Бркотницата следува откако претходно кај кружниот тек во близина на црквата во Ѓорче се случи оружен инцидент во кој беше ранет полициски инспектор. За него неофицијално се дознава дека бил З.Р., син на поранешен верски лидер.
Повредениот е пренесен во болница и се наоѓа надвор од животна опасност. Причините за инцидентот засега се непознати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.