Жан Железарски, еден од осудените за случајот „Детонатор“ е уапсен во Косово, дознава „Фокус“ од доброупатени извори. Информацијата за порталот е потврдена и од МВР, од каде што додаваат дека Железарски сега треба да биде екстрадиран од Косово.

За овој бегалец беше распишана меѓународна потерница откако избега во 2019 година, кога не се врати во затвор по добиено отсуство.

Жан Железарски во 2013 година беше осуден на 14 и пол години затвор за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.