Пожарот кој вечерва избувна во стан од зградата „Папагал“ во центарот на Скопје е угаснат. Засега нема информации за повредени лица, но на лице место сè уште се присутни возила на Пожарна и на Брза помош.
Булеварот сè уште е блокиран за сообраќај, а жителите излезени пред зградата.
Според кажувањата на насобраните граѓани, пожарот најверојатно бил предизвикан од плинска боца, но официјалните причини ќе бидат познати по увидот.
Екипата на „Република“ е на терен, повеќе официјални детали се очекуваат подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.