Пожарот на улицата „Јордан Мијалков“ во кој животот го загуби едно лице бил предизвикан поради експлозија на плинска боца, соопшти полицијата.

Огнот изби во сервис за моторцикли, а во моментот на експлозијата почина 25-годишно лице од Скопје кое било вработено во сервисот. Во објектот имало уште двајца кои работеле на сервис на мотор и завршиле со телесни повреди. Со повреди се здобил и сопственикот на сервисот.

На местото на настанот извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се работи на целосно расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.