Шеесетичетири годишен скопјанец пријавил дека пред неговиот стан е пронајдено плико во кој имало шок бомба.

На 23.03.2021 во 20.39 часот во СВР Скопје, Р.С.(64) пријавил дека пред неговиот стан на ул.„Франклин Рузвелт“, од страна на сосетката Н.У. било пронајдено плико во кое, според пријавеното, имало шок бомба. Извршен е увид од полициски службеници од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.