Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес во местото Јаворица, Демир Капија, вчера пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри.
Како што соопшти МВР, на лице местобеа приведени две лица, С.С. (33) и А.С. (56) од Демир Капија поради сомнение за недозволено производство и продажба на марихуана.
На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита на насадот.
Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка, како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба. Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство – Неготино.
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено, продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.