Во акциска контрола на МВР спроведена во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава се казнети 486 возачи. Од нив 73 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 244 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 242 надвор од населено место.
Од полицијата велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.