Дваесет и шестгодишниот Пино Секондо ќе биде погребан во Италија, соопштила неговата мајка Маја Трпковска, која со години живее и работи во Италија, а в понеделник се враќа во Македонија.
Во изјава за „Фокус“ таа вели дека се уште не се знае точниот датум на погребот, и дека целото семејство е во многу лоша состојба по последните вести.
Што можеме да кажеме сега? Јас, помалиот син, сопругот, сите сме за никаде… В понеделник доаѓам во Скопје, не знаеме уште кога ќе биде погребано нашето дете. Во Скопје ќе се одржи служба во Католичката црква, но Пино ќе биде погребан во Италија – вели мајката.
Според МВР, поднесена е кривична пријава против истата девојка и против уште едно лице, маж со иницијали Ф.А. на 27-годишна возраст. Тој бил во бегство и е недостапен за органите на прогонот.
Девојката за која зборував уште од самиот почеток, од Ѓорче Петров, таа која последна го видела Пино, за која се сомневав целото време, таа е осомничена со уште едно лице. Ја ставија и на полиграф, но и полиграфот го измамила. Би ја прашала само, што монструм е? Од мајка ли е родена или од ѓавол? – вели неутешната мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.