Пилотот самиот го прави планот на летање и нема информации зошто летал над Солунска глава, изјави денеска првиот човек на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Зоран Илиевски. Тој откри дел од деталите за авионската несреќа што во вторникот се случи кај Солунска Глава и додаде дека увидот на местото на авионска несреќата е завршен.

Како што посочи Илиевски, направени се професионални фотографии и снимки со дрон кои што ќе треба да помогнат во понатамошната истарга. Веќе е формирана комисија со тројца претставници од Комитетот, а дополнително ќе се ангажираат и надворешни експерти, потенцира Илиевски.

Наша прва дејност е истрагата, целта е да дојдеме до причините за несреќата. Втората дејност се препораки за превенција како да не дојде повторно до таква несреќа. Неблагодарно е да влезам со претпоставки, се додека не се анализирани сите податоци и примероци од авионот, изјави првиот човек на Комитетот.

Илиевски додаде и дека е земен примерок од горивото кој треба да се анализира во акредитирана лабораторија и се чекаат податоци за целиот иосторијат на леталото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.