Педесет и четиригодишен гостиварец физички го нападнал својот сограѓанин и му го оштетил возилото и тоа пред очите на малолетно дете.

М.С. (33) од Гостивар денеска околу 15.20 часот пријавил дека од страна на 54-годишниот гостиварец Б.Т. му било оштетено возилото кое било паркирано на ул. „Илинденска“ во близина на трговскиот центар во Гостивар. На оштетувањето му претходела вербална расправија меѓу двајцата околу непописно паркирање. Извршен е увид, а пријавителот е во полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, изјави за „Република“ Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

Како што дознава „Република“ станува збор за пратеникот на СДСМ од Гостивар Благојче Трпески, кој денеска во видна алкохолизирана состојба физички нападнал граѓанин на Гостивар, кој бил во друштво со своето малолетно дете. 33-годишниот гостиварец се паркирал со својот автомобил. Освен физичкиот напад, на гостиварецот му било искршено ветробранското стакло на автомобилот од страна на Трпески. Сето ова се случувало пред очите на детето. Случајот е пријавен во полицијата во Гостивар.

За настанот што се случил денеска пишува и Дафина Стојаноска на социјалната мрежа фејсбук.

Ниту еден функционер нема право да се повикува на имунитет кога користи насилство.

Среќна Нова ’49, Гостиваре!

П. С. Институциите на тест ( прво алко-тест за насилникот ), пишува Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.