Во раните утрински часови во неделата, околу 02,50 часот, на булевар „8-ми Септември“ во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, додека се одржувал концерт, непознато лице кое било во видно алхохолизирана состојба се однесувало дрско и непристојно викајќи на висок тон да го пуштат внатре, ги буткал и удирал оградите пред салата и се туркал со обезбедувањето.

Од страна на полициски службеници било пристапено кон легитимирање, но лицето одбивало да даде било какви податоци и започнало да ги омаловажува полициските службеници, информираат од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица, при што е констатирано дека станува збор за 17-годишно лице од Скопје, а по кратко време во полициската станица дошол и неговиот родител.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.