Ноќеска бил приведен кичевчанец кој ооклу 2 часот по полноќ го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект во селото Трапчин Дол.
Денеска во утринските часови, односно во еден часот и 40 минути, во угостителски објект во кичевското село Трапчин Дол, нарушен е јавниот ред и мир. Во видно алкохолизирана состојба, Б.З. 31-годишен од Кичево, започнал да упатува вербални закани и навреди кон персоналот во угостителскиот објект по што, започнал да крши дел од инвентарот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски и додава дека Б.З. е приведен по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.