Петнаесет возачи кои управувале под дејство на алкохол биле санкционирани во текот на изминатата ноќ, од 21 до 3 часот на подрачјето на СВР Штип.
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а три возачи кои одбиле алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму дополнуваат дека при зајакнатата акциска контрола биле констатирани и санкционирани и 30 останати прекршоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.