Две лица од струшкото село Велешта и тројца вевчанци утрово физички се пресметале во близина на Струга.
Причина за тепачката било нетрпеливост во сообраќајот.
Утрово околу 8 часот во близина на продажен објект лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.К.(63) и В.Ш.(31), двајцата од струшкото село Велешта, од една и Б.Ѓ.(32), Д.Ѓ.(39), К.Ј.(40), сите од Вевчани, од друга страна, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Лицата, додаде, се приведени и по целосно расчистување на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.