Пет лица се повредени, од кои двајца потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во 21.10 часот на регионалниот пат Скопје-Велес, во с.Трубарево,.

Судирот се случил помеѓу возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(46) од Скопје и возило „мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.М.(26) од село Студеничани, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото „мерцедес“, Ќ.А.(45) и М.И.(18) од село Студеничани на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, А.И.(31) од село Студеничани.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.