Вчера во 15 часот и 25 минути во СВР Скопје било пријавено дека во близина на стариот пат за село Батинци, скопско, се удавило петгодишно девојче.
Имено додека играло со други деца, а нејзините родители присуствувале на свадба, паднало во Маркова река.
Лекар од ИМП констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.