Тешка сообраќајкна несреќа се случила рано утрово во близина на бензинската пумпа на влезот од населбата Драчево во Скопје. Според неофицијалните информации на „МКД“, во сообраќајката настрадале пет лица. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање на смет.

(фото: Курир)

Сообраќајот во моментов се пренасочува, а на лице место може да се забележи силно полициско присуство, болнички и пожарникарно возило.

Полицијата најавува повеќе детали за трагедијата во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.