Сопственик на угостителски објект во тетово е приведен поради тоа што дозволил неговиот објект да работи по дозволеното време , при што во објектот имало шет гости.
При контрола во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово затекнале пет лица – гости и сопственикот, информираат од Министерството за внатрешни работи – информираат од МВР.
Од МВР дополнуваат дека објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ – додаваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.