Вчера попладне во СВР-Скопје било пријавено дека на фудбалскиот стадион на ФК Волково во с. Волково, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Волково 1964 и ФК Братство од Коњари, лицата Е.Ќ. (51), И.Ќ. (48), Ќ.Ф. (33), А.Ќ. (20) и Б.А. (30), сите од с. Коњари, скопско, фудбалери на ФК Братство, го нарушиле јавниот ред и мир.

Според пријавеното, А.Ќ. и Б.А. физички го нападнале Д.В. (26) од с.Волково, скопско, фудбалер на ФК Волково 1964, а останатите лица агресивно се однесувале кон полициските службеници.

Лицата биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.