Во полициска акција изведена рано утринава во угостителски објект во Желино биле пронајдени шест странски и пет македонски државјанки осомничени дека биле дел од трговија со луѓе.
Девојките биле на возраст од 27 до 45 години.
Денеска 24.12.2021околу 03:15 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Желино, сопственост на 49-годишниот З.С. од ова село. При контролата биле затекнати и лишени од слобода 11 женски лица и тоа 6 странски државјанки – 5 од Република Албанија и 1 од Република Србија и 5 наши државјанки поради сомнение за нивна инволвираност во кривично дело „трговија со луѓе“ член 418 А од Кривичниот законик – информираат од МВР.
По приведувањето, 11-те женски лица се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.