Едно лице загина откако на него налета возило управувано од непознат возачот, кој го напуштил местото на несреќата.
Како што соопшти МВР, вчера околу 17:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, непознато патничко возило удрило во пешакот И.А.(43) од с.Дебреше, по што го напуштило местото.
Пешакот починал на место на незгодата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.