Сообраќајна несреќа е пријавена во 17 часот во СВР Тетово. Возило „рено клио” со тетовски таблици на регионалниот пат Тетово-Камењане управуван од малолетник од Камењане и удрил во пешакот Ќ.О (76). Пешакот добил тешки телесни повреди, по што е пренесен е во клиничка болница Тетово каде дежурен лекар констатирал смрт, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Возачот е обезбеден во СВР Тетово. Увид извршиле полициски службеници на СВР Тетово во содејство со јавен обвинител.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.