Едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случила вечерва околу 20 часот на регионалниот пат Гостивар- Чегране, во близина на гостиварското село Форино, објави КУРИР.

Според првичните информации, во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила, „Шкода Фелиција“ со гостиварски регистерски ознаки управувано од Л.Х. (57) од гостиварското село Равен и БМВ со австриски ознаки што го управувал 18 годишниот И.М. од гостиварското село Чегране.

Во автомобилот „Шкода Фелиција“ се наоѓале и три женски лица, при што лицето кое управувало со возилото Л.Х. се здобило со тешки телесни повреди од кои набрзо починал, додека другите три лица од истото возило завршиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

Возачот на БМВ-то е обезбеден од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.