Полицијата заедно со претставници од Државниот пазарен инспекторат синоќа во 22 часот извршиле контрола и затвориле угостителски објект лоциран на улица „Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје, кој работел по 18 часот.

Констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години, соопштија денеска од МВР, а затекнатите лица, како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инспекторатот локалот е затворен во времетраење од 30 дена.

Од МВР појаснуваат дека по претходна пријава дека угостителскиот објект работи по 18,00 часот, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје.

По целосно документирање на случајот, се наведува во соопштението од МВР, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.