Тетовската полиција информира дека е идентификуван починатиот маж кој беше најден во водите на реката Вардар во близина на селото Радиовце вчера околу 14 часот. Станува збор за 53 годишник од селото Теново, исто од Општина Брвеница кој се водеше како исчезнат од 28 јуни.
По идентификација од семејството било утврдено дека се работи за З.Р.(53) од тетовско Теново, за кој претходно било пријавено дека се оддалечил од домот. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, a лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство – информираат од СВР Тетово.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.