Поради високите наноси од снег, затворот во село Кшање не фунционира редовно, соопшти денеска директорот на казнено-поправната установа, Марјан Спасовски.
Наносите од снег на приодот кој води до затворот на одредени места изнесуваат и два метри. Попладневно по барање на одговорните од затворот, општина Куманово испратила возило за расчистување на патот, но тоа не успеало да го расчисти поради високите наноси од снег.
Поради конфигурацијата на теренот, на патот кој води до затворот има наноси кои воопшто не можат да се исчистат, изјави директорот Спасовски.
Тој информираше дека од вчера поради дефект, установата е без струја и се користат агрегати. Во дефект е и телефонската линија. Проблем претставува и дистрибуцијата на храна бидејќи економските оператори се оневозможени да ја достават.
Се надеваме дека во текот на утрешниот ден, проблемите ќе се надминат, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.