Благодарни сме на сите кои ни помогнаа кога ни беше најпотребно. Дома се враќаме со траума која нема да ја заборавиме цел живот, но затоа ќе ги паметиме и добрите луѓе од Србија кои покажаа хуманост и пожртвуваност, вели за „Новости.рс“ една од повредените патнички од автобусот, кој во неделата утрината излета од автопатот во близина на Панчево. Набрзо после тоа таа е пуштена на домашно лекување.
-Имам повреди на градниот кош и клучната коска. Заспав на граница, кога слушнав вресоци. Погледнав и видов дека автобусот оди лево-десно. Се фатив за седиштето и автобусот се преврте. Раката ми остана под седиште. Некако успеав да ја извлечам и да излезам надвор – раскажал Ремзи Демиворв од Штип.
Во несреќата во која автибусот со македонски регистарски таблици на релација Битола – Виена излета од патот и се преврте се повредени 32 македоснки државјани, а три лица загинаа.
Сите пацеинти, сместени на одделенијата во нишкиот Клинички центар и лесковачката Општа болница успешно се опоравуваат. Од Лесковац веќе во текот на неделата, со приватни возила, во своите домови заминале четири лица. Во вечерните часови на истиот ден е проганизиран превоз за уште 14 патници кои локалната самоуправа привремено ги сместила во еден лесковачки хотели.
И натаму не е позната причината за несреќата
Локалните медиуми наведуваат дека за причините за несреќата засега може да се погодува. Додека едни патници од автобусот тврдат дека возачот возел брзо, други велеле дека тој нагло закочил за да не удри друго возило кое било пред него.
Во дел од медиумите се појавија наводи дека возачот заспал, како и дека во моментот на несреќата разговарал на телефон, но официјално до сега причината за несреќата не е соопштена.
За потсетување, до трагедијата дошло кога македонскиот автобус се превртел околу 1:40 часот на влезот во Лесковац во момент кога низ цела Србија врнел силен снег, а состојбата на патиштата на земјата била лоша.
Поради големиот број повредени лица на терен излегле голем број возила на Итна медицинска помош од Ниш и Лесковац. Меѓу патниците имало и две деца на возраст од една и девет години, но за среќа тие не се повредени во несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.