Вчера попладне на патот Пробиштип – с. Ратавици, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (32) од Кратово, и патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.А. (46) од Пробиштип.
Со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „ Пасат“, В.Ј., кој бил пренесен во ЈЗУ-Кратово, возачот на возилото „Шевролет спарк“ М.А., која била пренесена во Клиничка болница Штип и сопатникот во возилото “Шевролет спарк“, Б.А., кој бил пренесен во Клинички центар Скопје.
По овластување на Јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Пробиштип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.