Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на магистралниот пат Гостивар – Кичево во која учествувале две возила, а имало неколкумина повредени.
Несреќата се случила околу 13:30 часот во близина на мавровската раскрсница кога автомобил „Пасат“ со тетовски регистарски ознаки се судрил со возило од марката „БМВ“ со гостиварски таблички. Автомобилите се движеле во спротивни правци и директно се судриле еден во друг при што повредени се најмалку шест лица кои итно биле однесени во болница.
Полицијата извршила увид, а денеска се очекуваат детали за карактерот на повредите кај повредените и за материјалната штета, како и причините за судирот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.