Во неделата во ПС Карпош, В.Р. (52) од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држани од лицата А.С., Е.Н. и Е.М. кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К. (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.