Пејачот на Куку леле, Сашо Каимовски Панки е пуштен на слобода од грчкиот затвор дознава 24 Инфо

Тој беше уапсен во март годинава на Граничниот премин „Евзони“ на пат кон Грција. По него имаше распишано европска потерница, од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.

Пејачот се сомничи дека, во 2006 година, од два банкомата, во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички со поставување на микроскопски чипови што ги снимале податоците и со поставување на дополнителна тастатура.

Панки е виден вечерва во скопско кафуле во центарот на Скопје, но не е познато како завршило барањето на германските власти тој да биде испорачан на Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.