Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 45-годишен жител на Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според информации, на 27.11.2019 година пријавениот во својот дом, по претходна расправија, ја избркал од дома сопругата, по што од полициски службеници таа била вратена дома, но пријавениот упатувал закани и се обидел физички да ја нападне со остар предмет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.