Монструмот кој со секира ја заклал сопругата во спалната соба е 65-годишниот Бајрам Ислами, од гостиварското село Страјане, пишува порталот „Pa Cenzurë“.

Утринава нешто пред седум часот сторителот ја зел секирата и во спалната соба крвнички ја удирал својата 60-годишна сопруга. Жртвата им подлегнала на повредите починала на местото на настанот.

Починатата со години трпела насилство од нејзиниот сопруг, а неколкупати пријавувала и во полиција, но сето останало само во форма на пријава.

Сторителот моментално е во бегство, а  полицијата трага по него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.