Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.40 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.

Според најави од Болницата во Лесковац, 14 од нив ќе бидат пуштени откако им била укажана лекарска помош. Со помош на локалната самоуправа тие ќе бидат згрижени во Лексовац додека не дојде автобус од Макеоднија. Во реонот каде се случи сообраќајката има силно невреме проследено со силни врнежи од снег.

Крајна дестинација на автобусот што тргнал од Прилеп требало да биде Виена.

Видео од изјавата на лекарите од болницата и тоа каква е состојбата на повредените погледнете ја тука.

Видео во каква состојба е автобусот и што точно се случило погледнете тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.