На Телеграм се отворени три групи на кои се споделуваа експлицитни фотографии, а кои се насловени „Јавна соба“. Групите бројат над 5.000 членови, а во нив се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Минатата година беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, некои и малолетни, кога минатата година полицијата наводно ја згасна групата на Телеграм .

Од МВР за Канал 5 велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот го пивикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството ќе преземе соодветни мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.