Четириесет и три годишен жител на штипското село Селце се сомничи дека го предизвикал пожарот на планината Серта меѓу селата Селце и Драгоево.

Во соопштението на СВР-Штип се вели дека вчера во 14 часот, по наредба на Јавен обвинител, во Полициската станица Штип, во врска со пожарот што на 6 август 2021 година настана помеѓу селата Драгоево и Селце, штипско, на разговор бил повикан Е.Е. од село Селце.

По наредба на Јавен обвинител од лицето биле одземени и дадени на вештачење предмети за кои постои сомнение дека биле користени при извршување на делото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР-Штип.

МИА претходно информираше и ги доби фотографиите од штипските пожарникари, на кои јасно се гледаат траги од мотор, кој можел без проблеми да се движи низ непристапниот терен.

Пожарот се активираше во неделата и гореше на врвот од високиот рид, до којшто никој не можеше да пристапи. Пожарот е изгаснат вчера во текот на претпладневните часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.