Во изминатото деноноќие при полициска акција на службеници од СВР-Тетово, во угостителски објект лоциран покрај авотпатот на стариот пат Тетово-Скопје, биле затекнати 26 женски лица кои работеле како танчерки од кои две државјанки на Македонија, а 24 странски државјанки.
Танчерките, пет од Русија, седум од Украина, седум од Албанија, три од Србија и по една од Молдавија и Босна и Херцеговина биле приведени.
Исто така и кај едно женско лице од Албанија била пронајдена марихуана, а кај А.А.(28) од с.Радуша-скопско бил пронајден нож. Сопственикот на објектот М.А. (68) е повикан во Полициската станица Тетово. Во угостителски објект во с.Жеровјане-тетовско бил приведен С.А.(25) од Прешево-Р.Србија поради нерегилиран престој во РМ и во угостителски објект во с.Горно Седларце-тетовско приведени биле Г.Ќ.(28) и Р.О.(22) од Албанија поради нерегулиран престој, велат од СВР-Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.