Синоќа во атарот на селото Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од селото Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.