Вечерва имало пукање во Чаир, при што Ваљон Беља е повреден. Како што неофицијално дознава ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу со кого побарал да оствари средба во Топанско поле, кај маркетот Принц. Како што дознаваме економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, му замерил на градоначалникот за тоа што му била стопирана платата која што ја примал од општината. По ова, неофицијално, градоначалникот повикал други луѓе по што настанала тепачка која завршила со пукање.
Од МВР за ТВ21 велат дека денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул. „Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.
Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.