Кондовецот Агим Красниќи по викенд-отсуство не се вратил во затворот во Штип, каде што издржуваше 15-годишна казна затвор.

За ова затворот ги известил Управата за извршување санкции, СВР Штип и МВР, од каде што, како што изјавија, преземаат мерки за пронаоѓање на бегалецот.

од СВР Штип за „360 степени“ потврдија дека заедно со Красниќи од затворот е избегано уште едно лице. Неофицијално, тој е негов соселанец од Кондово.

Красниќи беше уапсен во 2008 година за спречување избори и гласање (на парламентарните избори од 1 јуни 2008), злосторничко здружување и за недозволено држење огнено оружје. За истото дело беа осудени уште седуммина.

Директорот Мики Тодоров за МИА денеска изјави дека немале никакви индиции дека Красниќи планира бегство, бидејќи тој изминатите години користел викенд-отсуства и секогаш се враќал во затворот во Штип на издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.